Zuhal Demirci
27 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Министерството за надворешни работи на Турција, во врска со прогласување на независноста на Каталонија од Шпанија, соопшти дека такват одлука го нема потребниот уставен легитимитет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Изразуваме надеж дека нема да се зема в предвид еднострана одлука која нема уставен легитимитет и која би можела да предизвика напнатост, како и дека ќе се најде решение во рамките на демократскиот систем и владеење на правото. Го сметаме за клучен територијалниот интегритет на Шпанија како и почитување на уставот и волјата на шпанскиот народ", се наведува во соопштението.