економија

Турција и Франција се заложија дека ќе ја зајакнат трговијата и инвестициите

„Протоколот на Заедничкиот економски и трговски комитет (JETCO) го опфаќа и Европскиот зелен договор и е 'одраз на конструктивни преговори и помирување'“

Tuba Şahin  | 28.09.2021 - Обновена : 29.09.2021
Турција и Франција се заложија дека ќе ја зајакнат трговијата и инвестициите

АНКАРА (АА) - Високи претставници на Турција и Франција денес потпишаа протокол за трговските односи, инвестициите и соработката во други земји, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Протоколот на Заедничкиот економски и трговски комитет (JETCO) исто така го опфаќа Европскиот зелен договор и е 'одраз на конструктивни преговори и помирување'“, напиша турскиот министер за трговија, Мехмет Муш, на Твитер.

Соопштението е објавено по состанокот на министерот Муш со Франк Ристер, министер за надворешна трговија и економија на Франција.

За време на состанокот во Истанбул, двајцата министри разговараа и за ажурирање на Царинската унија меѓу Турција и ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.