Diyar Güldoğan
14 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство, Мехмет Муезиноглу, изјави дека бројот на жртви од синоќешниот напад на автомобил-бомба во Анкара се искачи на 37, јавува Anadolu Agency (AA).
Муезиноглу денес изјави за новинарите дека 30 лица загинале на местото на настанот а седуммина им подлегнале на повредите во болница.
Тој рече дека 71 пациенти се наоѓаат во неколку различни болници, а 15 се на интензивна нега.
Канцеларијата на Гувернерот на Анкара во соопштение наведе дека автомобил-бомба експлодирала во близина на автобуска станица во квартот Кизилај, синоќа во18:45 часот по локално време.
Синоќа турскиот министер за внатрешни работи, Ефкан Ала, изјави: "Терористичкиот напад е изведен со автомобил-бомба, кој за мета ги имал цивилите кои чекале на автобуската станица."