Erdoğan Çağatay Zontur
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција враќајќи се на своите корени, ќе го заштити културното наследство на Ајасофија, како што тоа го направиле и предците, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Правејќи ја Ајасофија повторно прикладна за нејзина намена, ние ќе го сочуваме културното наследство, како што тоа го правеа и нашите предци“, изјави Ердоган по состанокот на Кабинетот во претседателскиот комплекс.
„Со погрешна одлука (во 1934 година) ја претворивме Ајасофија во музеј, а сега повторно ја враќаме во џамија“, додаде Ердоган.
Тој зборуваше и за фактот дека во Турција има четири до пет пати повеќе места за богослужба за немуслиманите отколку во Европа за муслиманите.
„Кај нас во просек има едно место за богослужба за 460 немуслимани, додека во Европа има просечно едно место за богослужба за околу 2.000 муслимани“, рече Ердоган.
Минатата недела, турскиот суд ја поништи одлуката од 1934 година со која џамијата Ајасофија беше претворена во музеј. Со оваа одлука е овозможено Ајасофија во Истанбул повторно да биде џамија, како што тоа била неколку векови во својата историја.
Со пресудата на Врховниот суд на Турција, се отвори пат Ајасофија по 85-годишен прекин повторно да биде отворена како џамија.
Пред тоа, беше џамија речиси 500 години.
Ердоган претходно објави дека овој историски комплекс ќе биде подготвен за молитва во петок, 24 јули.
Турскиот претседател денес воедно го осуди и ерменскиот напад на подрачјето Товуз во Азербејџан.
Неколку азербејџански војници загинаа, вклучувајќи ги генералот и мајорот во судирот со ерменските трупи во недела.
Ердоган ја изрази загриженоста на Турција поради тензиите кои траат од инвазијата на Нагорно-Карабах, а кои би можеле да прераснат во конфликт поради безобзирните и систематски напади од страна на Ерменија.