Турција, Коронавирус

Турција: Од Ковид-19 оздравеа 1.049 лица

- Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа денес изјави дека од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се оздравени 1.049 лица, со што вкупниот број на оздравени лица изнесува 196.720

Erdoğan Çağatay Zontur  | 14.07.2020 - Обновена : 15.07.2020
Турција: Од Ковид-19 оздравеа 1.049 лица

АНКАРА

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа денес изјави дека од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се оздравени 1.049 лица, со што вкупниот број на оздравени лица изнесува 196.720, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Коџа на Твитер соопшти дека во изминатите 24 часа биле потврдени вкупно 992 случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени лица изнесува 214.993.

„Повторно сме под 1.000 нови случаи. За прв пат по 33 дена“, изјави Коџа.

„Бројот на нови случаи, кои изнесуваше 987 на 11 јуни, се искачи на 1.195 наредниот ден. Во моментот, не знаеме што ќе се случи утре, но знаеме дека резултатите од денешните мерки ќе ги видиме во просек за седум дена“, додаде тој.

Бројот на смртни случаи од последиците на вирусот се искачи на 5.402, при што во последните 24 часа се потврдено 20 смртни случаи.

Од вчера се извршени над 43.200 тестови, со што вкупниот број на извршени тестирања надмина 4,06 милиони.

Пандемијата на Ковид-19 одзеде над 574.600 животи во 188 земји и региони, откако за прв пат се појави во Кина во декември минатата година.

До сега во светот се потврдени повеќе од 13,16 милиони случаи на заразување со Ковид-19, а бројот на оздравени лица надмина 7,3 милиони, според податоците објавени од универзитетот Џонс Хопкинс.

САД, Бразил, Русија и Индија во моментот се најтешко погодени земји во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın