Seda Sevencan
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
ДИЈАРБАКИР
23 осомничени лица се приведени во југоисточната турска област Дијарбакир поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ПКК/КЏК, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во Дијарбакир покренаа истрага против терористичката организација и издадоа налози за апсење на 33 осомничени лица, вклучувајќи го поранешниот градоначалник на Нусајбин од Демократската регионална партија (DBP) и членови на советот на Демократската народна партија (HDP).
За приведените ќе се изврши дополнителна истрага, а исто така запленети се и голем број документи на организацијата.
Полицијата е во потрага по 10 останати осомничени лица.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.