Турција

Турција: Уништените возила во обидот за пуч на 15 јули изложени во комплексот на Собранието

- Меѓу изложените возила прегазени од тенковите, гаѓани од хеликоптери и авиони, се наоѓаат и такси возила, приватни, но и полициски возила. На нив можат да се видат трагите од тенкови и проектили.

Ali Kemal Akan  | 14.07.2020 - Обновена : 15.07.2020
Турција:  Уништените возила во обидот за пуч на 15 јули изложени во комплексот на Собранието

АНКАРА

Возилата уништени за време на обидот за пуч во Турција кој припадниците на терористичката организација ФЕТО го извршија на 15 јули 2016 година, се изложени во комплексот на турското Големото народно собрание, јавува Агенција Анадолија (АА).

Возилата кои се уништени за време на обидот за државен удар, се пренесени во комплексот на Собранието за да бидат изложени во рамките на утрешната програма по повод 15 јули - Денот на демократија и национално единство.

Меѓу изложените возила прегазени од тенковите, гаѓани од хеликоптери и авиони, се наоѓаат и такси возила, приватни но и полициски возила. На нив можат да се видат трагите од тенкови и проектили.

Со низа комеморативни настани во Турција утре ќе биде обележана четвртата годишнина од обидот за воен удар за време на кој терористичката организација ФЕТО сакаше да го собори демократскиот поредок во земјата и тоа со подсредство на терористи кои претходно ги инфилтрираше во вооружените сили на таа земја, а кои на сопствениот народ отворија оган од оружјето кое народот и државата им го доверија.

ФЕТО и нејзините членови кои се инфилтрирани во војската, полицијата и другите институции, за време на крвавиот обид за воен удар на 15 јули 2016 година го покажаа своето вистиско терористичко лице и намера, убивајќи најмалку 251 лице.

Обидот за воен удар беше спречен откако народот на Турција на повик на претседателот Реџеп Таип Ердоган храбро излезе на улиците и плоштадите и ја бранеше демократијата и татковината од пучистите.

Со истрагата е утврдено дека почетокот на обидот за воен удар првобитно бил планиран за 3:00 часот на 16 јули, но терористите нападот на уставниот поредок на Турција го поместиле за 20:30 часот на 15 јули. Анкара се најде во центарот на случувањата таа крвава ноќ од 15 на 16 јули 2016 година.

Терористичката организација ФЕТО е предводена од Фетула Ѓулен, кој престојува во Соединетите Американски Држави (САД), а чие испорачување Турција официјално на повеќепати го побара од САД.

Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот неуспешен обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, кој го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.