Andaç Hongur
03 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во однос на нападите во Идлиб, истакна дека во моментов операцијата трае и дека детектирани се околу 40 точки кои во се цел на операцијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган, пред заминувањето за Украина, на аеродромот „Ататурк“ одржа прес-конференција.
Во однос на прашањето дали ќе има нова операција, Ердоган рече:
„Во моментов операцијата продолжува. Детектираните околу 40 точки во моментот се постојано цел на операцијата и според првичните информации, неутрализирани се 30-35 Сиријци од спротивната страна. Но, нема стопирање, операцијата продолжува на ист начин. Особено на руските власти им кажавме 'Тука вие не сте нашата цел, целосно е режимот, да нема некоја ситуација со која ќе го прекинете нашиот пат'. Ние не можеме да не возвратиме, бидејќи наши војници умираат. Во моментот, вклучувајќи ги и нашите „Ф-16“, топови се наоѓаат на терен и ги гаѓаат целите утврдени од страна на Турската разузнавачка служба (МИТ).“
На прашањњро дали ќе има дипломатска иницијатива по овој инцидент и дали е реализиран разговор со Русија, претседателот Ердоган нагласи:
„Министерот за надворешни работи вчера и завчера имаше разговори. Но тука многу позначајно е тоа, ако во овој процес немаме резултати кои ги посакуваме, секако и јас ќе разговарам и ќе ја изразам сериозноста на работата. Но, на теренот има наши и руски генерали. Генералите често се среќаваат. Нашите операции продолжуваат врз основа на тие средби.“
Турскиот претседател изрази сочувство за четворицата турски војници кои утринава го загубија животот во подмолен напад на сирискиот режим, и рече дека во истиот напад повредени се и 9 војници, од кои еден е во тешка состојба.
„Турција, како и на претходните напади, и на овој напад возврати на ист начин“, рече Ердоган.
Тој истакна дека во рамките на посетата на Украина ќе има средба со Зеленски, а исто така ќе има средби на делегациите на кои ќе се разговара за билатералните односи помеѓу двете земји од сите аспекти и ќе се разменат идеи за тековните регионални прашања.