Yasemin Kalyoncuoğlu
03 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - ЈАСЕМИН КАЛЈОНЏУОГЛУ -
Бројот на лица што ги посетија музеите и античките градови (нивните остатоци), поврзани со Министерството за култура и туризам на Турција, во 2019 година достигна 35 милиони 48 илјади 417 лица. Најпосетен музеј е музејот „Аја Софија“ - го посетиле 3 милиони 727 илјади 361 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од Министерството, бројот на лица што ги посетиле музеите и остатоците на античките градови во однос на 2018 година е зголемен за 7 милиони лица.
Во 2017 година музеите и остатоците на античките градови ги посетиле 20 милиони 509 илјади 746 лица, во 2018 година бројката се зголемила на 28 милиони 145 илјади 550 лица, додека во 2019 година бројката се искачила на 35 милиони 48 илјади 417 лица.
„Аја Софија“, една од најважните историски градби во Истанбул, која започна да се гради во 532 година по наредба на императорот Јустинијан, отворена е за богослужба како црква во 537 година. По освојувањето на Истанбул таа е реконструирана како џамија. Од 1935 година е претворена во музеј. „Аја Софија“ е најпосетен музеј во 2019 година - го посетиле 3 милиони 727 илјади 361 лице.
- Наплив на посетители во музејот „Хазрети Мевлана“
Според податоците на Министерството, музејот на Мевлана во Коња кој со голем интерес е посетуван од странски и домашни туристи, минатата година ги отвори своите врати за 3 милиони 464 илјади 155 лица. Музејот „Мевлана“ е регистриран како втор најпосетен музеј во Турција минатата година.
По музејот „Мевлана“, според бројот на посетители, на трето место се наоѓа античкиот град Хиераполис во Памуккале, Денизли. Античкиот град го посетиле 2 милиони 557 илјади 868 посетители.
- Палатата „Топкапи“ се најде на четвртото место
Палатата „Топкапи“, изградена од страна на Фатих Султан Мехмет и 400 години користена како административен центар на Отоманското Царство, се рангираше на четвртото место меѓу најпосетуваните музеи во 2019 година.
„Топкапи“ минатата година беше домаќин на 2 милиони 364 илјади 946 посетители.
Античкиот град Ефес во Измир се наоѓа на петтото место меѓу најпосетените области - градот го посетиле 1 милион 855 илјади 694 лица.
Областите со важни историски вредности и природни убавини во Невшехир и неговата околина исто така се наоѓаат меѓу првите 10 најпосетени места минатата година.