Hanife Sevinç,Berk Özkan
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отфрли критиките во врска со моменталната правосудна постапка во врска со статусот на истанбулската џамија Аја Софија и порача дека тоа е прашање на суверенитетот на Турција во кое никој нема право да се меша, јавува Агенција Анадолија (АА)
Ердоган присуствуваше на свеченото полагање на темелник за изградба на новата џамија во истанбуслкиот кварт Левент и во таа прилика изјави дека новата џамија „Барбарос Хајретин-паша“ ќе биде изградена до крајот на 2022 година.
Тој во своето обраќање им оддаде почест на настраданите во утринската експлозија во фабриката за пиротехника во Сакарја и додаде дека сите надлежни служби се на терен и преземени се сите потребни мерки во надеж дека нема да се зголеми бројот на настраданите.
Истакнувајќи ја важноста на сите инфраструктурни проекти кои се прават за потребите на народот, Ердоган изјави дека верските објекти се посебно важни, бидејќи се градат со исклучителна цел за молитва и стекнување на Божја милост.
Потсетувајќи дека Аја Софија е претворена во џамија откако османлиската војска на султан Фатих Мехмед Хан го ослободи Истанбул, Ердоган изјави дека потоа започнала изградбата на џамијата и дека Истанбул станал еден од најбогатите градови на светот.
„Како што не се мешаме во другите држави за верските објекти во кои се молат нивните народи, така никој нема право да се меша во нашите верски објекти. Турција е земја која овозможува верски обреди на припадниците на сите религии и верувања“, изјави Ердоган.
Тој додаде дека во Турција моментално се наоѓаат 435 цркви и синагоги во кои се извршуваат верски обреди и додаде дека таа држава помогнала во обнова на старите и изградба на нови такви објекти како е случај со Железната црква во Балат.
„Да се критикува ваквата земја поради односите према верските објекти е вртење на грб на вистината. Критиките на Турција во врска со Аја Софија претставуваат директен удар на нашите суверените права“, порача Ердоган.
Укажувајќи на се почестите напади кои во светот се случуваат поради омразите на верска основа, Ердоган изјави дека милиони луѓе ширум светот под притисоци и различни напади само поради тоа што припадниците на некоја вера.
„Тоа е прашање за кое тука треба да се зборува. Ние и понатаму во оваа земја ќе ги штитиме верските права на мнозинството муслимани и правата на припадниците на сите други верски заедници. Изградбата на новите џаии ја сметаме за сопствен придонес на цивилизацијата на целото човештвото“, изјави Ердоган.