Barış Gündoğan
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
АНКАРА
Во последните 24 часа во Турција потврдени се 1.172 заразувања со коронавирусот, а животот го загубија 19 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што на социјалната мрежа Твитер ги објави Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа, а кои се достапни и на страниците на министерството, денес во таа земја се извршени 52.141 тестирање од кои 1.172 биле позитивни.
Во последните 24 часа во Турција од последици на заразување со новиот тип на коронавирус живототт го загубија 19 лица, а оздравеа 1.313 заболени.
Досега во Турција се спроведени 3,5 милиони тестирања на присуство на коронавирусот, при што заразеноста е потврдена кај 203.456 лица, од кои животот го загубија 5.186. На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 1.082 пациенти, а досега се оздравеа 178.278 заразени.
Министерот Коџа наведе дека бројка на случаи на заразеност со коронавирусот на дневно ниво е намалена на 1.172.
„Вирусот бргу се шири и потребно е одредено време за да се намали бројката на случаи на заразени. Просечната старост на оние кои се хоспитализирани во текот на изминатата недела изнесува 46,7 години. Исто така, 11,13% од оние кај кои е дијагностициран коронавирусот во текот на оваа недела постари се од 65 години. Над 70% од починатите исто така се на оваа возраст“, напиша Коџа.