Турција

Денес во погон пуштена првата турбина на Хидроелектраната Илису на реката Тигар

Претседателот на Турција Ердоган истакна дека вкупниот придонес за новата брана на турската економија ќе изнесува околу 2,8 милијарди турски лири (над 413 милиони доалри).

Sevil Çelik  | 19.05.2020 - Обновена : 20.05.2020
Денес во погон пуштена првата турбина на Хидроелектраната Илису на реката Тигар

ИСТАНБУЛ

Во Турција денес во погон е пуштена првата турбина на Хидроелектраната Илису на реката Тигар во југоисточната област Мардин, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на церемонијата преку видео-конференција изјави дека ова е уште еден важен проект на патот на просперитетот и благосостојбата на целата земја.

„Ветерот на мир, братство и просперитет кој ќе дува од браната Илису ќе се чувствува на овие простори со векови“, изјави Ердоган.

Потсетувајќи дека Турција од 2002 година изградила 585 брани, Ердоган го нагласи посебното значење на реформите кои ги презема неговата земја во областа на обновливи извори на енергија.

„Знаете ли што значи тоа? Турција е една од земјите кои практично прават револуција во светот во областа на обновливите извори на енергија“, изјави тој.

Тој истакна дека вкупниот придонес за новата брана на турската економија ќе изнесува околу 2,8 милијарди турски лири (над 413 милиони доалри).

„Со испуштањето на водата собрана тука до браната Џизре, која ќе ја изградиме наскоро, двете ќе генерираат енергија од 1,1 милијарди киловати на час, а во исто време ќе можеме да наводнуваме околу 765.000 хектари земји“, изјави Ердоган.

Претседателот Ердоган на крајот нагласи дека турските власти ќе го искористат секој можен потенцијал во земјата за и понатаму да напредуваат и да се подготвуваат за новиот период.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.