Esra Tekin
21 Април 2025•Ажурирај: 22 Април 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека Туркије стана една од единствените 11 земји кои можат да произведуваат сопствен комуникациски сателит, јавува Анадолу.
Говорејќи на церемонијата на пуштање во употреба на ТУРКСАТ 6А, Ердоган рече дека со лансирањето на ТУРКСАТ А6, покриеноста на населението во светот со турски сателити ќе се зголеми од 3,5 милијарди на 5 милијарди.
Туркије сега има значајна можност да основа свој национален сателитски бренд и национална вселенска компанија со постигнатите придобивки, додаде турскиот претседател.