Турција

Метеорскиот дожд Лириди го осветли небото во близина на Анкара

Во раните утрински часови небесниот спектакл го претвори небото во вистинска сцена за набљудување на овој природен феномен што секоја година го обележува пролетниот период

Aida Cako  | 22.04.2025 - Обновена : 23.04.2025
Метеорскиот дожд Лириди го осветли небото во близина на Анкара Фото: Utku Uçrak/АА

СКОПЈЕ (АА) – Метеорскиот дожд Лириди ја осветли ноќта над геолошкиот локалитет Караѓол во подрачјето Кизилџахамам, во близина на турската престолнина Анкара, овозможувајќи им незаборавно искуство на љубителите на ѕвездите, јавува Анадолу.

Во раните утрински часови небесниот спектакл го претвори небото во вистинска сцена за набљудување на овој природен феномен што секоја година го обележува пролетниот период.

Посетителите на локалитетот имаа можност да уживаат во јасниот поглед на метеорите што оставија светлечки траги на небото.

Лириди потекнуваат од остатоците на кометата Тачер и секоја година се појавуваат во втората половина на април.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın