Ердоган: Туркије е подготвена да направи сѐ што е во нејзина моќ за намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан
Во телефонскиот разговор меѓу Ердоган и пакистанскиот премиер стана збор за тензиите меѓу Индија и Пакистан, за нападот што се случи синоќа и за најновите случувања

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и ја изрази подготвеноста на Туркије да „стори сѐ што е во нејзина моќ за да спречи натамошно ескалирање на тензиите“ меѓу Индија и Пакистан, јавува Анадолу.
Турскиот Директорат за комуникации истакна дека во телефонскиот разговор станало збор за тензиите меѓу Индија и Пакистан, за нападот што се случи синоќа и за најновите случувања.
„Во разговорот претседателот Ердоган го изрази солидаризирањето на Туркије со Пакистан, изрази сочувство за загинатите Пакистанци во нападот и им посака брзо закрепнување на повредените“, соопшти Директоратот преку платформата X.
Турскиот претседател ја изрази поддршката на Анкара за „смирениот и одмерениот пристап“ на Пакистан.
Ердоган рече дека предлогот на Пакистан за неутрална, транспарентна и кредибилна меѓународна истрага за нападот од 22 април во Џаму и Кашмир е најсоодветен.
Исламабад денес соопшти дека најмалку 26 цивили се убиени, а 46 се повредени во индиската „Операција Синдор“ во Пакистан и Кашмир, кој е под пакистанска администрација. Њу Делхи истакна дека цел била „терористичка инфраструктура“ во Пакистан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.