Berk Özkan
06 Март 2020•Ажурирај: 08 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, потсети дека вчера со Русија се согласиле за прекин на огнот во Идлиб, и ja изрази надеж дека тоа ќе продолжи, со што би завршила војната во која муслиман војува со муслиман, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган, по петочната молитва, имаше обраќање пред граѓаните.
Тој истакна дека во овој период војниците на херојската армија на Турција продолжуваат со операциите „Извор на мирот“, операцијата во Идлиб и во Либија.
„Дадовме шехиди. Вчера конечно седнавме на маса и се договоривме за прогласување прекин на огнот од полноќ. Нашата надеж е дека тоа ќе продолжи. На тој начин ќе заврши и војната во која муслиман војува со муслиман. Се надевам дека деталите на овој процес ќе бидат разгледани од 15 овој месец.“
Турскиот претседател изјави дека Турција го добила речиси целиот систем S-400 од Русија, кој, како што кажа, биде активиран во април.
- Предупредување за коронавирусот -
Турскиот претседател во врска со глобалната закана од коронавирусот упати апел до граѓаните:
„Во светот владее епидемија на коронавирус. Се разбира, кај нас гушкањето и ракувањето имаат значајно место. Еден период да го прекинеме ракувањето и гушкањето. Особено ве замолувам за тоа. Затоа што ова е многу различна епидемија“, нагласи Ердоган.