Dilara Hamit
06 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турција денеска депортира државјанин на Хрватска во неговата матична земја, поради поврзаност со тероризмот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското Министерство за внатрешни работи се вели дека терористот е вратен како дел од засилените напори на Анкара за депортација на странските терористи.
„Турција продолжува да ги враќа странските терористи во матичните земји“, се додава во соопштението.
Иако прашањето за постапувањето поврзано со припадниците на терористичката организација ДЕАШ и нивните семејства приведени во Сирија, меѓу кои и странски припадници на терористичката организација, во светски рамки е предмет на дискусија, Турција е на ставот дека странските терористи треба да бидат вратени во нивните матични држави.
Анкара вели дека неколку европски земји не вложиле напори да ги прифатат припадниците на ДЕАШ назад во нивните земји.
Турција досега депортираше најмалку 7.500 терористи на ДЕАШ.