Merve Yıldızalp
12 Август 2018•Ажурирај: 13 Август 2018
ТРАБЗОН (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека на оние кои му отвораат трговска војна на целиот свет и ја вклучуваат и Турција во тоа, ќе им одговори насочувајќи се кон нови пазари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од Трабзон порачувам, ја видовме вашата игра и не се плашиме. Она што не можеа да го направат со провокации и државен удар, сега сакаат да го реализираат со пари. Тоа, со јасен термин, се нарекува економска војна. Нема да се предадеме. Доколку вие кон нас тргнете со доларот, ние ќе бараме други начини да ги извршуваме своите работи. На оние кои заради нивните односи со терористичките организации, го жртвуваат нивното стратешко партнерство и сојузништвото со една земја од 81 милион жители, им велиме ’пријатно‘“, порача Ердоган во Трабзон, осврнувајќи се на промените во курсот на лирата.
Ердоган се осврна и на случајот со американскиот свештеник Ендрју Брансон, кого го уапси турската полиција поради обвиненија за пружање поддршка на терористичка организација.
„Ти Турција ја жртвуваш за свештеник поврзан со терористички организации. Не забележувај, но она што треба да го направи правната држава, ние ќе го направиме“, додаде Ердоган.
Тој додаде дека, доколку постојат оние кои сметааат дека станува збор за курсот, уапсениот свештеник и данокот на челикот и алуминиумот, треба да се освестат. „На оние кои му отвораат трговска војна на целиот свет и ја вклучуваат нашата земја во тоа, ќе им одговориме насочувајќи се кон нови пазари, нови соработки и нови сојузи“, порача Ердоган. Додаде дека Турција уште еднаш се соочува со политичка и подла игра.
„Со Божја помош, ќе го надминеме и ова“, рече Ердоган. Истакна дека антитерористичките операции надвор од границата на Турција успешно се спроведуваат.
„Се наоѓаме во последна фаза на подготовки за додавање нови подрачја во Сирија на кои со „Штитот на Еуфрат“ и со „Маслинова гранка“ воспоставивме безбедност. Наскоро ќе ослободиме и ќе воспоставиме безбедност и во нови места. Досега бројот на оние кои од нашата земја се вратија во сигурните подрачја достигна четвртина милион“, рече Ердоган.