Necati Keleş
13 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
АНКАРА (AA) – Министерот за трезор и финансии на Република Турција, Берат Албајрак, најави борба против лагите дека депозитните пари ќе бидат одземени или дека странските валути на банковните сметки ќе бидат претворени во турски лири, истакнувајќи дека таквите чекори нема да бидат преземени, јавува Anadolu Agency (AA).
Албајрак на социјалната мрежа Твитер напиша дека ќе бидат преземени потребните мерки во врска со промените на курсот.
„Депозитните пари нема да бидат одземени. Странските валути на банкарските сметки нема да бидат сменети во турски лири. Исто така, ќе се бориме против тие лаги до крај“, додаде Албајрак.
Порача дека примената на акциониот план почнува во понеделник наутро.
„Нашите институции ќе ги преземат потребните чекори за да се смират пазарите“, рече тој.
Додаде дека надлежните турски институции заедно со банките подготвиле план за реалниот сектор, кој највеќе е погоден со неодамнешните валутни флуктуации.
„Бргу ќе ги преземеме неопходните чекори заедно со нашите банки и Агенцијата за банкарска регулатива и супервизија“, рече Албајрак.