Турција, економија

Албајрак: „Премијата за ризик на меѓународните пазари значајно опадна“

„И во следниот период ќе бидеме на терен, со цел со мерките и со сите расположливи ресурси да го поддржиме банкарскиот и реалниот сектор.“

Tuba Şahin  | 18.10.2018 - Обновена : 18.10.2018
Албајрак: „Премијата за ризик на меѓународните пазари значајно опадна“ Erhan Elaldı/AA

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - „Премијата за ризик на меѓународните пазари бележи значителен пад повеќе од еден месец“, соопшти денес турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, јавува Anadolu Agency (AA).

„Премиите за своп на неисплаќање на кредитот (Credit Default Swap), кои се едни од главните индикатори на премијата за ризик, покажаа пад од над 200 базни поени и се подобрени повеќе од еден месец“, рече Берат Албајрак на „Самитот БРИКА 2018“ во Истанбул.

Тој истакна дека турската Влада презела низа мерки, и дека ќе продолжи да работи на јакнењето на националната економија.

„И во следниот период ќе бидеме на терен, со цел со мерките и со сите расположливи ресурси да го поддржиме банкарскиот и реалниот сектор.“

Албајрак истакна дека Турција нема проблем ниту со фискалната ликвидност, што го потврдува и трипати поголемата побарувачка за турски обврзници.

Истакнувајќи дека Турција од почетокот ја поддржува иницијативата „Еден појас, еден пат“, Албајрак истакна дека големите инфраструктурни вложувања на Турција се важен дел од таа меѓународна иницијатива, чија цел е обнова на Патот на свилата и спојување на Азија со Европа и Африка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın