Aynur Ekiz
19 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин информираше дека на 27 октомври 2018 година во Истанбул ќе се одржи Четирилатералниот самит за Сирија со пуество на Турција, Русија, Франција и Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Калин соопшти дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на 27 октомври 2018 година во Истанбул ќе биде домаќин на четирилатералниот Самит на кој ќе учествуваат претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателот на Франција, Емануел Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел.
Како што најави Калин, на Самитот, се предвидува покрај ситуацијата на теренот, да биде разгледан Договорот за Идлиб, вклучувајќи ги сите аспекти на политичкиот процес на сирискиот конфликт и усогласување на вложените напори за изнаоѓање на трајно решение за конфликтот.