Vesna Besiç
19 Октомври 2018•Ажурирај: 21 Октомври 2018
АРТВИН (АА) - Лисјата во жолта, зелена, црвена и кафена боја, и есента, која често е опишувана во песните, и оваа година на подрачјето на Артвин, во северниот дел на Турција, е инспирација за изработка на извонреди фотографии, како од страна на професионалците, така и од аматерите, јавува Anadolu Agency (AA).
Боите на есента на планината Карџал ги забележаа фоторепортерите на АА.
Областа Артвин е позната по богатата историја, флората и фауната, планините, кратерските езера и висорамнините со зелена боја.