Gökhan Ergöçün
18 Октомври 2018•Ажурирај: 21 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) во текот на оваа година има вработено 500 нови пилоти, а бројот на нови пилоти до крајот на годината се очекува да достигне 1.100 пилоти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на церемонија, главниот извршен директор на авиокомпанијата, Билал Екси, изјави дека 500 пилоти, во кои спаѓаат 41 капетан и 286 први офицери, ќе бидат обучени во компанијата.
„Фактот што поголемиот дел од пилотите се Турци ја покажува важноста на „Туркиш ерлајнс“ за турското воздухопловство“, нагласи Екси.
„Туркиш ерлајнс“ шест години по ред во период од 2011 до 2016 година беше прогласен за најдобар авиопревозник во Европа, а дури девет пати по ред до 2017 година за најдобра авиокомпанија во јужна Европа.
„Туркиш ерлајнс“ е основана во 1933 година и има летови за повеќе од 300 дестинации, во над 120 земји со флота од 330 авиони.
Според соопштението, авиокомпанијата ќе има над 500 авиони до 2023 година. Минатата година, „Туркиш ерлајнс“ превезе 68,6 милиони патници, со 79,1 отсто потполнети седишта.