СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје во просториите на Турскиот култуцен центар "Јунус Емре" во Скопје се одржа церемонијата за доделување на сертификат за познавање на турскиот јазик, при што овој сертификат свечено му беше врачен на новиот амбасадор на Република Македонија во Турција, Звонко Муцунски, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа церемонија присуствуваа и амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Шолендил, македонскиот амбасадор во Турција, Звонко Муцунски, директорот на ТКЦ "Јунус Емре" во Скопје, доц. д-р Мехмет Самсакчи.
Новоименуваниот амбасадор на Македонија во Турција, Муцунски, во својата изјава за новинарите изјави дека ќе биде чест, привилегија и големо задоволство да ја претставува својата земја како амбасадор на Република Македонија во Турција.
"Република Турција е наша пријателска држава, ние сме стратешки партнери, имаме исклучително развиени односи во делот на политиката, во сегментот на економијата, меѓутоа и во сите други области. Покрај добрите билатерални односи, имаме изградено извонредни мултилатерални односи. Јас се надевам дека со моето заминување во Турција ќе успеме да ги унапредиме односите на сите нивоа во сите области на сеуште повисоко ниво", рече Муцунски.
Зборувајќи за тоа како дошол до идеја да го изичува турскиот јазик, тој рече дека за него изучувањето на турскиот јазик е извонредно искуство.
"Ова е извонредно искуство, драго ми е што покрај знаењето на неколку странски јазици, почнав да го изучувам и турскиот јазик. Како резултат на нашата историска и културна поврзаност меѓу двете држави и двата народи мислам дека е добро да се изучуваат јазиците меѓу високо пријателски народи
Амбасадорот на Турција во Македонија Шолендил упати честитки за именување на амбасадорот Муцунски. Тој рече дека во период од една и пол година за време на престојот во Македонија секогаш имале пријателски и братски односи.
"Тоа придонесе за одличната соработка на двете земји на секое поле. Исто така, во нашите нивоа даде голем придонес. Ова е како резултат на напорите на господинот амбасадор Муцунски. Му благодарам и му посакувам успех во Турција", рече турскиот амбасадор во Скопје.
Директор на Турскиот културен центар "Јунуз Емре" во Скопје, Доц. Д-р Самсакчи истакна дека за институцијата во која тој е директор претставува задооволство што амбасадорот Муцунски е првиот официјален учесник на високо ниво кој учествувал во курсевите на "Јунус Емре" во Скопје.
"Амбасадорот на Македонија во Турција, Муцунски присуствуваше 72 часа во текот на курсот за турски јазик. За нас како Институт "Јунус Емре" во Скопје е секогаш прашање на гордост што овозможуваме курсеви по турски јазик за различните институции од Република Македонија. Денес ни е посебно чест што врачуваме сертификат на еден дипломат и чест ни е да им дадеме сертификат за учество. Му посакуваме успех во нашата држава ", рече Доц. Д-р Самсакчи.
Претходно Муцунски беше Македонскиот генерален конзул во Њујорк.
news_share_descriptionsubscription_contact
