СКОПЈЕ (АА) - Во соработка на Институтот „Јунус Емре“ - Скопје и Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ) - Скопје, денеска во истрискиот Куршумли aн кој се наоѓа во Старата скопска чаршија се одржа активност под наслов „Дојдете да читаме заедно“, јавува Anadolu Agency (AA).
На овааа активност свое учество зедоа Ректорот на ИБУ, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу, заменик-директорот на Институтот „Јунус Емре“, Фуат Коркмаз, професори од ИБУ, претставници од различни институции и организации во земјата, претставници на издавачки куќи, студенти и љубители на книгата.
Оваа активност имаше за цел, зборувајќи за значењето на книгата и нејзиното читањето, да го охрабри читањето книги и да се развие свеста за читање.
Во своето обраќање Коркмаз, заменик директорот на Институтот „Јунус Емре“ кажа неколку зборови и за историскиот објект Куршумли Ан во кој беше организирана оваа активност, истакнувајќи дека е многу среќен што вака значаен и важен ден го изминале меѓу сидините на овој објект.
Заменик-директорот Коркмаз истакнувајќи дека оваа активност Институтот „Јунус Емре“ ја организирал во соработка со ИБУ, чиј е и самиот дипломец, рече: „Денеска со нас се значајни меѓународни културни центри и издавачки куќи од Македонија кои издаваат книги на македонски, турски и албански јазик. Нивното учество во овој проект го на овој настан му даваат посебно значење. Целта на проектот е зголемување на читањето книги, развивањето насвеста за читање книги и поттикувањето на читање книги. Од тој аспект, чуствуваме дека овој проект кој го реализиравме во соработка со Интернационалниот Балкански Универзитет е многу важно и значајно и поради тоа сме многу среќни“.
Од друга страна, Ректорот на ИБУ, Коџајусуфоглу истакна дека како универзитет се свесни од колкаво големо значење е тоа што Институтот „Јунус Емре“ овој проект го спровел во соработка со универзитетот, истакнувајќи дека во овој проект свое учество земале студентите, професорите и сите сектори од универзитетот.
Зборувајќи за значењето на читањето, ректорот Коџајусуфоглу рече: „Да, читањето, бидејќи без читањето ништо не би се движело, ниту е можен развојот на човекот и неговото оформување. Се подрзбира дека читањето е активност која започнува од најраната возраст, а со универзитетот во потполност се исполнува идентитетот на човекот. Ние секогаш ќе бидеме покрај читањето и како универзитет,заедно со нашите студенти секогаш ќе бидеме дел од него“.
Ректорот на ИБУ Коџајусуфоглу го истакна своето задоволство што е дел од овoј проект.
Во рамките на оваа активност во која учествуваа неколку издавачки куќи, беше проведено и 10 минутно читање книги. Во рамките на овој период, учесниците на оваа активост, иако за кусо време, имаа можност да прочитаат книги на различни јазици кои беа претставени од издавачките куќи кои учествуваа.
По завршувањето на програмата, со учесниците на активноста беа споделени по еден дел од книгите кои беа читани на турски, македонски, албански, босански и кинески.
Во последниот дел од активностите во рамките на „Дојдете да читаме заедно“ беше одржан концерт со песни и гитара.
news_share_descriptionsubscription_contact
