Турција, економија

Примарната цел на Турција: Потполна борба со инфлацијата

„Цврстата позиција во фискалната политика поддржана од структурните реформи, како и политиката на макроекономска стабилизација ќе го насочат економскиот раст кон поздрав пат на среден рок“, истакна министерот Албајрак

Muhammed Ali Gürtaş  | 10.09.2018 - Обновена : 11.09.2018
Примарната цел на Турција: Потполна борба со инфлацијата

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, денес истакна дека основните цели на турската економија се целосна борба со инфлацијата и намалување на дефицитот на тековната сметка на одржливи нивоа, јавува Anadolu Agency (AA).

„Цврстата позиција во фискалната политика поддржана од структурните реформи, како и политиката на макроекономска стабилизација ќе го насочат економскиот раст кон поздрав пат на среден рок“, истакна Албајрак.

Коментарите на министерот Албајрак доаѓаат по објавувањето на економскиот раст од 5,2 отсто во вториот квартал од годинава од страна на Турскиот институт за статистика.

„И покрај умереното забавување на текот на потрошувачката и инвестициите, економскиот раст во вториот квартал продолжи со домашната побарувачка“, рече тој.

„Сепак, и солидните остварувања на извозот и приходите од туризмот дадоа удел кон позитивниот придонес на нето странската побарувачка кон економскиот раст“, додава Албајрак.

Министерот истакна дека тоа покажува оти процесот на економска стабилизација, што е една од примарните цели на земјата, започнал.

Нагласи дека објавените податоци за раст откриваат дека турската економија се движи во насока на раст воден од извозот, што е уште една клучна цел.

„Прелиминарните индикатори покажуваат дека намалувањето во домашната побарувачка ќе станат евидентни во третиот квартал“, рече Албајрак, додавајќи: „Во остатокот од годината, се очекува нето странската побарувачка ефективно да придонесе кон растот со континуиран силен тренд на приходите од извозот и туризмот, плус намалената побарувачка за увоз“.

Министерот Албајрак, исто така, ја потенцираше потребата од пакет политики за макроекономска стабилизација за поодлучна борба со кревките точки во дефицитот на тековната сметка и инфлацијата.

„Рамноправната распределба на просперитетот предизвикана од овој раст ќе се постигне со нашите квалификувани човечки ресурси и силното општество“, додава тој.

Годишната инфлација во Турција во месец август изнесуваше 19,90 проценти, во пораст во однос на инфлацијата во јули од 15,85 отсто.

Во текот на последните пет години, годишната инфлација го забележа своето најниско ниво од 6,13 отсто во април 2013 година, а највисоко ниво достигна минатиот месец.

Според турската Централна банка, дефицитот на тековната сметка на земјата во јуни изнесуваше 2,97 милијарди долари, додека 12-месечниот дефицит достигна речиси 57,4 милијарди долари.

Дефицитот на тековната сметка на Турција во 2017 година беше околу 47,5 милијарди долари, а претходната година изнесуваше околу 33 милијарди долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın