економија

Турција и Германија одлучни да ги зацврстат економските врски

„Цврсто верувам дека во наредните денови Турција и Германија ќе преземат силни чекори кон стратешка соработка“, рече Албајрак.

Ayhan Şimşek  | 22.09.2018 - Обновена : 22.09.2018
Турција и Германија одлучни да ги зацврстат економските врски (Foto: Abdülhamid Hoşbaş/ AA)

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Турција и Германија порачаа дека ќе развијат силни меѓусебни економски и стратешки врски, по состанокот на министрите за финасии, економија и енергетика на двете земји во Берлин, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот за трезор и финансии на Турција, Берат Албајрак, за време на посетата на Германија истакна дека двете земји имаат исти ставови за многу глобални политички економски прашања, додавајќи дека разликите околу некои прашања не се пречка за поблиска соработка.

„Влеговме во нов период кога се работи за нашите билатерални односи. Сакаме да ги унапредиме нашите врски, со усвојување на искрен и конструктивен пристап, преземајќи стратешки чекори“, рече Албајрак на конференцијата за медиуми, по состанокот со германскиот министер за финансии, Олаф Шолц и со германскиот министер за економија и енергетика, Перет Алтмајер.

Тој го изрази своето убедување дека односите меѓу двете земји во наредниот период ќе бидат уште посилни и постабилни.

„Цврсто верувам дека во наредните денови Турција и Германија ќе преземат силни чекори кон стратешка соработка“, рече Албајрак.

Тој истакна дека на средбата разговарале и за претстојната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Берлин идната недела.

„Верувам дека по оваа важна посета на нашиот претседател на Германија, ќе бидат постигнати многу позитивни резултати, не само во смисла на односите меѓу Турција и Германија, туку и околу односите меѓу Турција и Европската Унија“, рече министерот за трезор и финансии на Турција.

На состанокот во Берлин присуствуваа и турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан и министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Сонмез.

Турскиот претседател Ердоган би требало на 28 септември да допатува во дводневна посета на Берлин, што би била негова прва официјална посета на Германија по 2014 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın