Ekipa
20 Септември 2018•Ажурирај: 21 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, денеска ја претстави новата економска програма која се базира на три основни темели - стабилизација, дисциплина и трансформација, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер Албајрак изјави дека земјата ќе активира детален сет на економски политики.
„Во рамките на новaтa економскa програмa е воспоставена Канцеларија за трансформација и промена на јавни финансии“, изјави Албајрак.
„Ќе ги употребите сите потребни политики и мерки за да ги надминеме економските предизвици“, рече тој.
„Очекуваме процес на стабилизација во следната 2019 и 2020 година, така што новата економска програма за 2019 година се стреми кон економски раст од 2,3 отсто“, рече Албајрак.
Тој нагласи дека целта за раст на турската економија оваа година изнесува 3,8 отсто.
„Нашата главна намера е да го поддржиме процесот на стабилизација со дисциплина во јавните финансии“, рече тој.
Според новата економска програма, Турција се стреми кон 1,9 отсто буџетски дефицит во однос на бруто домашниот производ (GDP) оваа година и 1,7 отсто во 2021 година.
Кога се во прашање целите на економскиот раст според Новата економска програма, Албајрак истакна дека е одредена проекцијата за економски раст на Турција во 2018 година од 3,8 отсто, за 2019 до 2,3 отсто, за 2020 до 3,5 отсто, и за 2021 година над пет отсто.
Албајрак порача дека стапката на инфлација во Турција од оваа до 2021 година ќе забележи пад од 20,8 на 6 отсто.
Во однос на трансформацијата, министерот нагласи дека главната цел е ставање фокус на дополнителни области, кои ќе го зголемат обемот на извозот на земјата и долгорочниот производствен капацитет. „Најконкретен пример за ова ќе видите во проектите за инвестирање кои ние ги поддржуваме“, додаде турскиот министер за трезор и финансии.