Ekipa
20 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, денеска во Анкара изјави дека турскиот брод „Фатих“ во наредните неколку месеци ќе го направи првото сондирање на Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).
Донмез денес говореше на свеченост во Анкара, и истакна дека Турција дополнително го зајакнала присуството во морињата со сондажните бродови „Барбарос“, „Оруч Реис“ и „Фатих“.
„Нашиот брод „Фатих“ во следните неколку месеци ќе го направи првото сондирање на Медитеранот. Нема да дозволиме да се доведе пред свршен чин ниту еден проект во источниот дел на Медитеранот кој не е одобрен од Турција“, рече Донмез.
Тој истакна дека во последните 16 години се издвоени 10 милијарди долари за активности за барање нафта.
„Од тоа 50 отсто се домашни вложувачи, а втората половина се странски инвеститори. Со овие инвестиции избегнавме увоз во вредност од околу 20 милијарди долари“, рече Донмез.