Турција

Нова мисија на турскиот сеизмички брод Оруч Реис во Медитеранот

- Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез, истакна дека турскиот сеизмичко-истражувачки број МТА Оруч Реис пристигна во зоната на Медитеранот каде ќе ја спроведува својата нова мисија

Murat Temizer  | 10.08.2020 - Обновена : 13.08.2020
Нова мисија на турскиот сеизмички брод Оруч Реис во Медитеранот

АНКАРА

Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез, истакна дека турскиот сеизмичко-истражувачки број МТА Оруч Реис пристигна во зоната на Медитерант каде ќе ја спроведува својата нова мисија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Донмез оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Тој нагласи дека со цел на Турција да и се овозможи независност во областа на енергетиката, без прекин ќе продолжат истражувањата во Медитеранот и во Црното Море.

Турскиот министер на својот Твитер профил ја сподели и фотографијата на бродот Оруч Реис.

„Нашиот сеизмичко-истражувачки брод МТА Оруч Реис за својата нова мисија во Медитеранот тргна од Анталија и пристигна во зоната каде ќе спроведува операции. Оруч Реис, 83 милиони жители стојат зад тебе“, напиша министерот Донмез.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.