Турција

Ердоган: „Турција е трета во светот по развојот на локалните вакцини"

„По САД и Кина, Турција е трета на листатата на СЗО меѓу земјите кои развиваат домашни вакцини. Нашиот сон е Турција да ја направиме една од водечките земји во 21 век, порача" турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Firdevs Bulut  | 09.08.2020 - Обновена : 10.08.2020
Ердоган: „Турција е трета во светот по развојот на локалните вакцини"

АНКАРА

По Соединетите Американски Држави (САД) и Кина, Турција е трета на листата на земјите кои развиваат домашни вакцини, според Светската здравствена организација (СЗО), рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Значителен напредок постигнуваме во развојот на вакцината и лековите против Ковид-19, во соработка со приватниот сектор, универзитетите и државата", рече Ердоган на отворањето на ТУБИТАК (Турски центар за научни и технолошки истражувања), во Гебзе, на северозападот на провинцијата Коџаели.

Турската платформа за Ковид-19, која ја основаше ТУБИТАК, моментално работи на осум различни вакцини и 10 различни медицински проекти за Ковид-19.

Турскиот претседател рече дека се завршени испитувањата на животните за две кандидатски вакцини, дека еден од нив дури добил етичко одобрение и започната е клиничка фаза за испитување на луѓето.

„По САД и Кина, Турција е трета на листатата на СЗО меѓу земјите кои развиваат домашни вакцини. Нашиот сон е Турција да ја направиме една од водечките земји во 21 век, порача" турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според Ердоган, Турција надворешната зависноство одбранбената индустрија ја намалила од 70 на 30 отсто.

„Наш сон е Турција да ја направиме една од водечките земји во 21 век", порача Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın