Турција

Турција: Во Хатај направена велосипедска патека долга 26 километри

„На патот Самандаг-Арсуз, ја направивме најдолгата непрекидна велосипедска патека на светот. Земајќи ги в предвид двата смера, тоа е патека од 52 километри", рече Доган

Lale Köklü Karagöz  | 08.08.2020 - Обновена : 11.08.2020
Турција: Во Хатај направена велосипедска патека долга 26 километри ( Fotoreporter: Ozan Efeoğlu / Anadolu Agency )

ХАТАЈ (АА) - Лале Коклу Караѓоз -

Многумина кои сакаат да возат велосипед се одлучуваат за возење во природа и уживање во прекрасниот поглед. Една од таквите патеки е и онаа во Хатај, во Турција, на делницата Самандаг-Арсуз, долга 26 километри, која се простира долж брегот.

Целта на локалните власти беше да се овозможи организирање на државни и меѓународни активности, но и промовирање на туризмот на тоа подрачје.

Оваа велосипедска патека е отворена минатиот месец, и тоа со присуство на помошник министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли, а поради тоа што се наоѓа на делницата долж брегот го привлекува вниманието на многумина вљубеници во природата.

Целта е рутата да ги привлече туристите на тоа подрачје, но и на неа да се организираат многумина велосипедски активности како на државно така и на меѓународно ниво.

Гувернерот Рахми Доган изјави дека станува збор за делница од 26 километри.

„На патот Самандаг-Арсуз, ја направивме најдолгата непрекидна велосипедска патека на светот. Земајќи ги в предвид двата смера, тоа е патека од 52 километри", рече Доган.

Тој најави дека во скоро време тука ќе бидат организирани низа активности.

Доган рече и дека на социјалните мрежи добиле многу прашања за системот за изнајмување велосипеди.

Појасни дека станува веќе работат на тоа и дека турската Зелена полумесечина би требало да донира 50 велосипеди за воспоставување на системот.

Доган рече и дека на спомнатата патека би требало да бидат оформени пет рекреациски точки, за што соработуваат со Дирекцијата за шумарство.

„Најголема предност на рутата е тоа што е покрај море и што е непрекидна. Тука луѓето уживаат возејќи велосипед помеѓу морето и планините", рече тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.