Турција

„Турција ќе добие заслужено место во областа на воздухопловството“

Во разговор за АА, Бајрактар истакна дека посетителите на Истанбул TEKNOFEST, покрај големиот број воени летала, имаат можност да ги видат и леталата на цивилното воздухопловство.

Sefa Mutlu, Zeynep Rakipoğlu  | 20.09.2018 - Обновена : 20.09.2018
„Турција ќе добие заслужено место во областа на воздухопловството“

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција ќе добие заслужено место во областа на вселената и воздухопловството, смета претседателот на Управниот одбор на Фондацијата „Технолошки тим на Турција“ (T3), Селџук Бајрактар, јавува Anadolu Agency (AA).

Бајрактар денес го посети Истанбул TEKNOFEST, турскиот Фестивал на воздухопловство, вселенска програма и технологија, кој денес по првпат ги отвори своите врати на посетителите. Организаторите на TEKNOFEST, чиј глобален медиумски партнер е Anadolu Agency, се Фондацијата „Технолошки тим на Турција“ (T3) и Општина Истанбул.

Бајрактар, во придружба на семејството присуствуваше на Фестивалот кој се одржува на третиот истанбулски аеродром, а во оваа пригода влезе во авионот од типот „Phantom 4“, кој е од турско производство.

Во разговор за АА, Бајрактар истакна дека посетителите на Истанбул TEKNOFEST, покрај големиот број воени летала, имаат можност да ги видат и леталата на цивилното воздухопловство.

„Имаме компании за национална одбрана. На Фестивалот имаме активности и презентации од различни технолошки области. Околу 80.000 учесници се пријавија предвреме за учество на Фестивалот. Тоа е навистина еден неверојатен број“, изјави Бајрактар.

Тој додаде дека неговата земја продолжува да прави одлучни чекори напред кога станува збор за домашното технолошко производство, со што истовремено одлучно чекори кон целите поставени за 2023 година.

„Турција ќе добие заслужено место во областа на вселената и воздухопловството. Тоа е наша страст која се крие зад беспилотните летала (IHA) и беспилотните летала со вооружување (SIHA). Како дете присуствував на една слична, но многу помала смотра. Никогаш не ја заборавив“, изјави Бајрактар.

Тој додаде дека на организацијата на Фестивалот учествувале околу 30 партнери од цела Турција, и во оваа пригода им се заблагодари на сите.

Во рамките на Фестивалот планирано е да се одржат и низа технолошки презентации и натпревари. Овој натпревар ќе биде одржан во вкупно 12 категории, а во партнерство на турските компании „Aselsan“, „Baykar“, „Roketsan“, „Turksat“, BMC, IGA, ISBAK, TAI и TUBITAK.

Низ споменатите натпревари ќе бидат претставени технолошки производи како што се беспилотните летала, беспилотните копнени возила кои имаат поддршка од беспилотните летала, беспилотни подводни системи, ракети, како достигнувања од областа роботика.

Истанбул TEKNOFEST ќе трае до 24 септември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.