Турција

Одлука за притвор на 110 активни војници поради членство во ФЕТО

Во истрагата за ФЕТО во турските воздухопловни сили, донесена е одлука за приведување на 110 осомничени во активна служба, меѓу кои 3 полковници и 2 потполковници.

Zafer Fatih Beyaz, Serdar Açıl  | 21.09.2018 - Обновена : 22.09.2018
Одлука за притвор на 110 активни војници поради членство во ФЕТО

Ankara

АНКАРА (АА) - Во соопштението на Јавното обвинителство од Анкара се вели дека откривајќи ја комуникацијата со таинствените „имами“ на ФЕТО, остварена со систем за информирање преку периодични и секвенционални повици, користејќи фиксни телефони, донесена е одлука за приведување на 3 полковници, 2 потполковници, 6 мајора, 3 капетани, еден поручник и 77 подофицери во командата на Турските воздухопловни сили, јавува Anadolu Agency (AA). 

Судот во Анкара спроведува истрага за структурите на ФЕТО во турските воздухопловни сили. По спроведената истрага донесена е одлука за притвор на 110 активни војници, како дел од структурата на ФЕТО во турските воздухопловни сили.

По потврдувањето на донесената одлука за приведување на 110 осомничени, Екипите за борба против организираниот криминал од полицијата на Анкара спроведоа операции во 16 области во Турција.


- Приведени 85 лица

По одлуката за притвор во рамки на истрагата за ФЕТО во турските воздухопловни сили, спроведени се операции во 16 области, при што се приведени 85 од 110 осомничени.

Приведените осомничени лица ќе бидат донесени во Анкара за да дадат изјава, а во тек се операции за фаќање на преостанатите осомничени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın