Hüseyin Doğru
13 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Хусејин Догру
Мотоциклистот Кенан Софуоглу, светскиот суперспорт шампион и пратеник на АК Партијата од Сакарја, во рамките на активностите закажани на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија во Истанбул (TEKNOFEST), со цел презентација на 3. аеродром во Истанбул, со својот мотор ќе се натпреварува против воениот авион F-16.
Кенан Софуоглу, во разговорот со новинарот на АА, рече дека заедно со претседателот на Одборот на доверители на Фондацијата на Турскиот технолошки тим (Фондација Т3), Селчук Бајрактар, спроведуваат проекти поврзани со активностите што ќе се организираат на TEKNOFEST од 20 до 23 септември во Истанбул. Софуоглу информираше дека во рамките на активностите на Фестивалот, се планира истовремена трка меѓу борбен авион F-16, патнички авион на THY, возило на Формула 1, мотоцикл и луксузно спортско возило.
Истакнувајќи дека претходно во светот не е организирана трка меѓу најбрзите средства во светот, Софуоглу го рече следното:
„Досега во светот не е организирана ваква активност на која се натпреваруваат најбрзите средства во светот. Сакаме да постигнеме успех во активноста организирана во рамките на TEKNOFEST и интензивно работиме на проектот за трката. Пред трката ќе спроведеме тестирања. Форматот на трката ќе го изработиме според податоците од тестирањето. За нас претставува посебен успех и гордост тоа што проектот кој ќе предизвика голем одглас во светот, ќе биде организиран на новиот аеродром. Ќе организираме промоција која му доликува на најголемиот аеродром во светот. Оваа значајна организација ја спроведуваме заедно со ‘Red Bull’ и Селчук Бајрактар.“
Истакнувајќи дека секогаш учествувал во активностите на промоција на проектите и делата што се национална гордост на Турција, Софуоглу потсети дека на церемонијата пред отворањето на мостот „Османгази“, со мотоциклот Kawasaki H2R го урнал рекордот, достигнувајќи брзина од 400 километри на час.
За проектот околу трката која ќе биде организирана како дел од активносите на Фестивалот TEKNOFEST, на кој Anadolu Agency (AA) е спонзор и глобален партнер за комуникации, Софуоглу рече: „Со години сонувам да се тркам со авион F-16. И претходно имав спомнато дека мечтаам за една ваква трка на новиот аеродром. Особено сум возбуден поради тоа што остварувањето на мојот сон во исто време ќе претставува мој голем придонес за земјата и за промоцијата на 3. аеродром во Истанбул. Ги повикувам сите да бидат дел од таа возбуда.“