Турција, наука и технологија

Техничкиот директор на „Бајкар: Очекуваме во 2023 да полета прототипот на турскиот беспилотен борбен авион

„Ние мора уште денес да се подготвиме за натпреварувањето на ова поле во иднина и да се гледаме како лидер во насоката во која се движи светот“

Abdulkadir Günyol  | 22.04.2021 - Обновена : 23.04.2021
Техничкиот директор на „Бајкар: Очекуваме во 2023 да полета прототипот на турскиот беспилотен борбен авион

ИСТАНБУЛ (АА) - Селчук Бајрактар, техничкиот директор на компанијата „Бајкар“, по соопштението дека Турција е исклучена од програмата на авионот Ф-35, изјави дека интензивиран е проектот за национален борбен авион со цел неговиот прототип да го направи својот прв лет во 2023 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Тој преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави видеоснимка во врска со одлуката на САД да ја исклучат Турција од програмата на авионот Ф-35.

Нагласувајќи дека тоа што авионите Ф-35 нема да ѝ се дадат на Турција, денес може да се смета за неповолност, но од друга страна тоа може да биде од корист за националната одбранбена индустрија во иднина, Бајрактар истакна: „Таквиот систем, кој ќе го набавиме од странство, управуван од дигитален компјутер со софтвер со кој не сме во целост запознаени, а кој одлучува што ќе се активира или не кога пилотот ќе го повлече чкрапалото, може да нè изложи на сериозни ограничувања во независната употреба. Покрај тоа, зборуваме за проект од десетици милијарди долари во текот на годините кога станува збор за трошоците за набавка, работење и одржување. Да, почнувајќи од денес, ќе бидат потребни 15-20 години за да развиеме авион со таков капацитет. Трошоците за снабдување, работење, грижа и одржување на националната платформа што треба да се развие, во секој случај ќе биде помала од Ф-35.“

Осврнувајќи се на недостатоците на системите што треба да се набават од странство, Бајрактар истакна::

„Имајќи ги предвид можните ограничувања на употребата и потенцијалните ембарга на компјутерскиот систем што ќе се набави од странство, што ја контролираат авиониката, летот и мисијата, националната борбена платформа ќе ни овозможи независност во употребата.

Сепак, авионите што ќе ги развиваме по 15-20 години, можеби ќе бидат една генерација зад авионите развиени до тоа време. Наместо тоа, според насоката во која се движи светот, беспилотни воени авиони изработени со пониски трошоци, опремени со вештачка интелигенција, ќе бидат моќта што во иднина ќе ја менуваат играта. Нашите активности во употребата на овие системи на полето во група, со напредна автономија и паметно користење, може да нè смести меѓу водечките земји во светот на ова поле, како што тоа е случај со нашата платформа на вооружени/беспилотни летала.“

- Првиот прототип на националниот беспилотен борбен авион ќе биде на небото во 2023 година -

Давајќи детали и за проектите што се спроведуваат во компанијата „Бајкар“, Бајрактар истакна: „Како „Бајкар“, неодамна го интензивиравме нашиот проект за национален борбен авион, благодарение на искуството на нашата платформа АКИНЏИ што ја спроведуваме во последните 4-5 години. Наша цел е прототипот на оваа платформа да го направи својот прв лет во 2023 година. Мојот совет до нашата младина и млади претприемачи кои сакаат да работат на ова поле, е со особен интерес да се насочат кон беспилотните платформи кои се едни од најклучните технологии. Ние мора уште денес да се подготвиме за натпреварувањето на ова поле во иднина и да се гледаме како лидер во насоката во која се движи светот.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın