Göksel Yıldırım
21 Јуни 2018•Ажурирај: 22 Јуни 2018
ТЕКСАС (АА) - Турција денес на свечена церемонија одржана во Форт Ворт во Тексас, во рамките на проектот Ф-35, го презеде првиот авион, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата присуствуваа членови на турската делегација и турските компании како и претставници на американската компанија „Lockheed Martin“.
Турција со овие авиони кои имаат високи перформански по прашање ниска видливост, сензорска технологија и радарски систем, планира да ја зголеми оперативната ефикасност на своите воздушни сили.
Првиот авион кој е испорачан на Република Турција ќе биде користен за обука на пилотите во воздушната база „Luke" во Аризона.
Во текот на наредните денови на Турција ќе и биде испорачан и другиот авион, а во март 2019 година третиот и четвртиот.
Авионите ќе останат во САД се додека трае обуката на турските пилоти кои ќе управуваат со леталата.
Петтиот и шесттиот авион, откако во ноември 2019 година ќе биде завршено нивното производство, ќе бидат директно испорачани на Турција.
Првиот испорачан авион Ф-35 е инаку првото летало на петтата генерација борбени авиони во склоп на турските сили.
Турција во програмата на борбени авиони Ф-35 учествува од 1999 година, каде има активна улога од самиот почеток.
Официјална Анкара планира да купи 100 од овие авиони, а до сега веќе се порачани 30 летала.
Потсетуваме, Турција во 2014 година нарача приближно 100 авиони за да ја замени својата флота во која доминираат авионите Ф-4 и Ф-16.