свет

Матис против предлогот Турција да се исклучи од Програмата за воените авиони Ф-35

Американскиот министер за одбрана, Џим Матис, предупреди дека обидот за отстранување на Турција од програмата, како што рече, го наруши меѓународниот ланец на испорака на авионите Ф-35

Kasım İleri  | 20.07.2018 - Обновена : 22.07.2018
Матис против предлогот Турција да се исклучи од Програмата за воените авиони Ф-35

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот министер за одбрана, Џим Матис, до американскиот Конгрес упати писмо за одбранбениот буџет, во кое наведе дека се противи на предлогот Турција да биде исклучена од Програмата на воените авиони Ф-35, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во овој момент сум против исклучување на Турција од програмата за Ф-35“, наведе Матис.

Тој предупреди дека обидот за отстранување на Турција од програмата, како што рече, го нарушил меѓународниот ланец на испорака на авионите Ф-35.

„Турција е сојузник во рамките на НАТО, а од 2002 година е и наш партнер во рамките на Програмата за Ф-35. Таа инвестираше 1,2 милијарда долари, дава придонес на ланецот за достава, а освен тоа планира да купи и 100 авиони Ф-35A. Отстранувањето на Турција од програмата би можело да предизвика нарушување во ланецот на снабдување за американската војска и за нашите партнери. Истовремено, тоа би можело да ги зголеми и другите трошоци на оваа програма“, се наведува во писмото.

Матис, на крајот наведува и дека разговара со турските официјални претставници за прашањето на купувањето противракетен систем С-400 од Русија.

Американските власти неколкупати изразија загриженост поради одлуката на официјална Анкара да купи руски противракетни батерии земја-воздух С-400.

Потсетуваме, Турција на 21 јуни оваа година на свечена церемонија одржана во Форт Ворт во Тексас, во рамките на проектот Ф-35, го презеде првиот авион.

Турција планира со овие авиони, кои имаат високи перформанси по прашањето на ниската видливост, сензорската технологија и радарскиот систем, да ја зголеми оперативната ефикасност на своите воздухопловни сили.

Првиот авион испорачан на Република Турција ќе биде користен за обука на пилотите во воздухопловната база „Лук“ во Аризона. Наредните денови на Турција ќе ѝ биде испорачан и вториот авион, а во март 2019 година третиот и четвртиот.

Авионите ќе останат во САД сè додека трае обуката на турските пилоти кои ќе управуваат со леталата.

Официјална Анкара планира да купи 100 од овие авиони, а досега нарачани се 30 летала.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın