свет

Израелскиот министер за одбрана се закани со „тешка“ офанзива во Газа

„Хамас нè принудува на ситуација во која немаме избор, освен да започнеме голема и тешка воена операција“, изјави Либерман

Anees Suheil Barghouti  | 20.07.2018 - Обновена : 20.07.2018
Израелскиот министер за одбрана се закани со „тешка“ офанзива во Газа

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, предупреди дека продолжената употреба на змејовите и балоните со запалив материјал од страна на палестинските активисти во Појасот Газа, ќе го принудат Израел на уште еден голем воен напад врз крајбрежната енклава, која е под контрола на Хамас, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Хамас нè принудува на ситуација во која немаме избор, освен да започнеме голема и тешка воена операција“, изјави Либерман, кој беше цитиран од дневниот израелски весник на хебрејски јазик, „Једиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth).

„Секоја разумна личност која го гледа обработливото земјиште што е изгорено од змејовите и балоните, ја разбира неподносливата природа на ситуацијата“, истакна тој.

Во текот на изминатите недели, палестинските активисти во воздух пуштаа змејови и балони со запалив материјал, како дел од тековните демонстрации долж тампон зоната.

Според израелските власти, импровизираното орудие предизвикало голем број пожари во Израел, предизвикувајќи значителна материјална штета, но не резултирало со смртни случаи или повреди.

Илјадници Палестинци од крајот на март на границата на Газа протестираат поради израелската окупација и бараат право на враќање на своите територии. Израелските сили убија најмалку 137, а ранија илјадници Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın