свет

Израелската војска продолжува со напади на Газа со авиони, тенкови

„Хамас одлучи тензиите да ескалираат и затоа ќе ги сноси последиците од таквите постапки. Израелската војска сега извршува напади врз различни места (во Газа)“

Esat Fırat  | 20.07.2018 - Обновена : 21.07.2018
Израелската војска продолжува со напади на Газа со авиони, тенкови Ali Jadallah/AA

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска соопшти дека продолжува со нападите врз Газа со авиони, тенкови и арилерија, јавува Anadolu Agency (AA).

Неименуван официјален претставник на Израелската војска за АА изјави дека прво бил отворен оган врз израелските војници од подрачјето на границата со Газа, по што Израелската војска започнала напад врз Газа.

Тој истакна дека израелските воени авиони продолжуваат со летови врз Газа, не давајќи податоци за тоа кога воената операција би можела да биде завршена.

Од друга страна, во соопштението на Израелската војска се наведува дека на воените упоришта на Хамас со авиони и тенкови е покренат напад од пошироки размери.

Се додава дека Израелската војска е во состојба на готовност. „Хамас одлучи тензиите да ескалираат и затоа ќе ги сноси последиците од таквите постапки.

Израелската војска сега извршува напади врз различни места (во Газа)“, се наведува во соопштението.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во Командата на Генералштабот на Вооружените сили на Израел во Тел Авив, од каде што го следи одвивањето на нападите.

Инаку, во нападите на Израелската војска во Газа загинаа четворица Палестинци.

Потсетуваме, најмалку 142 палестински демонстранти се убиени, а 16.496 се ранети во интервенции на израелските безбедносни сили од почетокот на масовните палестински протести кои на границата на Газа започнаа на 30 март.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın