Турција

Турција ратификува договори со шест земји

Турција за време на пандемијата на коронавирусот испрати медицинска помош во над 150 земји и 6 меѓународни организации.

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 22.04.2021 - Обновена : 25.04.2021
Турција ратификува договори со шест земји

АНКАРА

Турската Влада ратификува договори со шест земји во неколку области, објавено е во Службениот весник на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како „гест на пријателство и добра волја“, Турција ќе донира два респиратора на Гвинеја-Бисао во рамките на договорот за медицински материјали потпишан во декември минатата година.

Турција за време на пандемијата на коронавирусот испрати медицинска помош во над 150 земји и 6 меѓународни организации.

Одделно, меѓу одобрените договори беше и Договорот за соработка со Азербејџан во енергетиката и рударството, потпишан на 25 февруари минатата година.

Турција и Исламската Република Пакистан, исто така, потпишаа Меморандум за разбирање (MoU) на 13 јануари 2021 година во областа на образованието.

Според Меморандумот за разбирање, Пакистан ќе го признае „правниот статус на Турската фондација „Маариф“ како турска владина институција во Пакистан“.

„Тоа треба да обезбеди погодност на Турската фондација „Маариф“ да добие потребни дозволи за извршување на своите образовни активности, како и други правни постапки“, се вели во Меморандумот за разбирање.

Фондацијата „Маариф“ моментално има 27 училишта и колеџи низ Пакистан, во кои настава следат над 12.000 студенти во 10 града, вклучувајќи ги Исламабад, Карачи и Лахоре.

- Економски договори -

Според Службениот весник на Република Турција, беше ратификуван Договорот за изменување и дополнување на дефиницијата за „производи со потекло“ и методите за административна соработка за постојниот Договор за слободна трговија меѓу Турција и Грузија.

Договорот беше потпишан на 28 октомври 2016 година во главниот град на Турција, Анкара.

„Исто така, беше ратификуван сличен Договор за одлука за постоечкиот Договор за слободна трговија потпишан меѓу Турција и Црна Гора на 20 декември 2017 година“, се вели во Службениот весник.

Како дел од Договорот, турски Кипар е посветен на извршување на реформите и целите наведени во неговиот Акционен план за 2020 година, според предвидениот рок и да подготви предлог за економска програма која ќе ја опфати 2022 година до крајот на октомври оваа година.

Турција, како дел од Договорот, вети дека ќе обезбеди грантови до 2,25 милијарди турски лири (271 милион долари) и заем до 1 милијарда лири (120 милиони долари) на Турска Република Северен Кипар (ТРСК).

Како „гест на пријателство и добра волја“, Турција ќе донира 100.000 вакцини против Ковид-19 на ТРСК.

Потпишана во име на Турција во Сингапур на 7 август 2019 година, во весникот беше наведена и одлуката за Конвенцијата на ОН за меѓународни договори за решавање како резултат на медијација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.