Uğur Aslanhan
04 Март 2022•Ажурирај: 06 Март 2022
ИСТАНБУЛ
Селџук Бајрактар, лидерот на „Бајкар технолоџи“, осврнувајќи се на успехот што Турција го постигна со вооружените беспилотни летала (СИХА), изјави, „Продолжуваме понатаму. СИХА и беспилотните воени авиони кои можат да полетаат од бродови и носачи на авиони со кратки писти, ќе направат револуција на бојното поле. Го развиваме овој тип авиони“, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Независната асоцијација на индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) се вели дека здружението ја спроведува Националната програма за технолошки напредок.
Во соопштението се истакнува дека Селџук Бајрактар, чиј говор беше вклучен во програмата, ги споделил своите размислувања и проекти за националниот технолошки напредок и технологиите за беспилотни летала.
Изјавувајќи дека во првите години по формирањето, Република Турција била една од пионерските земји во воздухопловството, но потоа заостанала на тоа поле, Бајрактар истакна: „Го развивме првиот национален компјутер за летање во раните 2000-ти години, кога никој не знаеше за беспилотните летала. Го развивме беспилотното летало „Бајрактар мини“ во 2007 година, светски познатиот „Бајрактар TБ2“ во 2014 година и „Акинџи“ во 2019 година. Во моментов, три земји во светот можат да ја развијат оваа технологија. Ја имаме најнапредната технологија.“
Истакнувајќи дека благодарение на студиите спроведени во последниот период, установеноста дека Туција е беспомошна почнала да се надминува, Бајрактар продолжи со зборовите:
„Живееме во свет во кој силните се во право. Ако сакаме нашиот глас да биде моќен, мораме да бидеме силни. Многу е тешко да се вклучите во трката кога ќе влезете од крајот. Најголемиот ветер на трансформација во светот во моментов е во високата технологија. Оние кои го создаваат овој ветар на трансформација, свесни се дека способноста за развој на технологијата е клучна за опстанокот на нациите. Тоа е трансформација на парадигмата.“
„Развиваме беспилотни летала кои ќе направат револуција на бојното поле“
Селџук Бајрактар зборуваше за фазите на основањето и развојот на компанијата „Бајкар“ и рече дека во моментов ја развиваат технологијата која треба да дојде по 10 години.
Зборувајќи дека работата ја спроведуваат со цел да ја направат Турција целосно независна, Бајрактар рече дека првата воена победа на вооружените беспилотни летала во светот е извојувана од страна на турските војски.
Истакнувајќи дека со развиената нова технолошка генерација Турција ќе направи револуција во историјата на војувањето, Бајрактар го рече следното:
„Вооружените беспилотни летала „Бајрактар TБ2“, за кои предвидуваме дека ќе предизвикаат револуција во светската историја на војувањето, ќе летаат во ескадрили и ќе ги сменат борбените доктрини. Првата војна што ја освоија беспилотните летала во светот ја добија турските војски. Сега одиме уште понапред. Вооружените беспилотни летала кои можат да полетаат и да слетаат од бродови и носачи на авиони со кратки писти, ќе предизвикаат револуција на бојното поле. Го развиваме овој тип авиони, а воените авиони што ги гледате денес ќе бидат последните произведени борбени возила со екипаж. Отсега сите ќе бидат беспилотни. Една од најголемите предности за нас, а кои некои го сметаат за неповолност, е исклучувањето на нашата земја од проектот Ф-35. Тоа може да биде најголемата можност што ни се пружила за да се унапредиме уште повеќе.“
„Технологиите од новата генерација се од витално значење за иднината на земјите“
Ѓокан Јеткин, заменик-претседателот на МУСИАД, изјавувајќи дека како здружение дејствуваат со разбирање за „висок морал, висока технологија“, зборуваше за важноста на технологиите развиени со идеалот за моќна Турција.
Истакнувајќи дека инфраструктурата и технологиите од новата генерација се од витално значење за иднината на земјите, Јеткин рече:
„Националниот технолошки потег е клучот за способноста на Турција да го задржи своето барање за целосна независност во критичните технолошки области и претставува најважниот камен-темелник на целта за подигнување на ова тврдење на многу повисоко ниво. Како земја, ја имаме сета потребна опрема, инфраструктура и квалификувана работна сила за постигнување на зададената цел. Во моментов, во Турција имаме повеќе од 80 технопаркови, а во овие технопаркови нашата компанија спроведува речиси 7.000 активности за истражување и развој и над 1.600 центри за истражување на развој и дизајн.“
„Одблизу ќе ги следиме студиите за стратегии и политики во ИТ-секторот, секторите за напредна технологија, истражување и развој, дизајн и иновативни активности во Турција, како и развојот на човечките ресурси кои работат на овие полиња, трансформацијата на работната сила и дигиталната трансформација.“