Sevil Çelik
27 Ноември 2019•Ажурирај: 29 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека со достигнувањата во секоја област, (Турција) ќе ги скрши аспирациите на оние што сакаат да го деморализираат турскиот народ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган денеска учествуваше на настанот „МУСИАД Визионер ’19“, кој се одржа во Конгресниот центар „Халич“ во Истанбул.
Во својот говор Ердоган истакна дека Турција е земја која има потенцијал за големи инвестиции внатре и многу голем потенцијал за трговија надвор од земјата.
„Ќе му помогнеме на секој кој работи за нашата земја, инвестира, произведува, извозува, иновира и сака напредок“, нагласи Ердоган.
„Ние ќе го продолжиме нашиот пат како земја што ја обнови својата економија, ги спречи заканите од јужната граница и го одржува единството и солидарноста“, додаде Ердоган.
Ердоган, потсетувајќи дека Турција поминува низ тежок процес, рече: „Ги освежуваме нашите надежи, сите заедно се концентрираме на нашата работа. Се надевам дека ќе ги достигнеме нашите цели за 2023 година и на нашите деца ќе им оставиме безбедно и просперитетно национално наследство, со цел да ги остварат своите визии за 2053 и 2071 година.“
„На оние што инсистираат Турција да ја вметнат во друга слика, ќе им одговориме со нашата силна визија. Со достигнувањата во секоја област ќе ги скршиме аспирациите на оние што сакаат да го деморализираат нашиот народ, затоа што ние сме Турција“, нагласи Ердоган.
Тој истакна дека на агендата е дигиталната економија, дигиталната трговија, дигитална Турција. Додаде дека Турција ќе започне со производство на боркарбид.
„Купивме бор кој претходно се продаваше само како сурова руда и имаше многу мала додадена вредност. Го преработувавме, развивме и денес е претворен во производ. Сега ќе почнеме производство на боркарбид кој може да се користи како заштита кај тактичките возила, хеликоптерите, авионите, оружјето и воената облека“, нагласи Ердоган.
Во својот говор тој рече дека во 2022 година ќе биде лансиран комуникацискиот сателит „Турксат 6А“ од домашно производство.