свет

Германски „Ди Велт“ ги пофали турските вооружени беспилотни летала

Во написот се вели дека Турција не само што станала земја со голема моќ во областа на беспилотните летала, туку истовремено ја забрзала и употребата на беспилотните летала во целиот свет

Cüneyt Karadağ  | 06.06.2020 - Обновена : 07.06.2020
Германски „Ди Велт“ ги пофали турските вооружени беспилотни летала

БЕРЛИН (АА) – Во написот на германски „Ди Велт“ насловен како „Турските вооружени беспилотни летала „TB2“ направија револуција во војната“ се истакнува дека вооружените беспилотни летала се ефикасни и смртоносни и дека Турција е една од водечките земји во технологијата за беспилотни летала, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во написот беше посочено дека турската стратегија за вооружените беспилотни летала значително го сменила балансот на воената моќ на Блискиот Исток во корист на Анкара.

Исто така, во текстот се споредуваат „TB2“ со американските беспилотни летала „MQ-9 Reaper“.

„Исто како и американското „MQ-9 Reaper“ и турското „TB2“ може да остане во воздух повеќе од 24 часа, да набљудува и да ги напаѓа целите. Но, турските вооружени беспилотни летала спроведуваат сосема поинаква стратегија. Турската Армија на воено поле го користи „TB2“ порадикално, поинтензивно и во поголеми флоти. На пример, во Сирија, турската флота на беспилотни вооружени летала се претвори во сериозна воздушна сила. Тие исто така се користат во Либија и даваат успех. „TB2“ нуди повеќе предности. Не ја промашува целта, евтин е и смртоносен. Еден американски „MQ-9 Reaper“ чини 16 милиони долари, турскиот „TB2“ само 6 милиони долари.“

- Беспилотните летала ги разви зетот на турскиот претседател Ердоган -

Вооружените беспилотни летала, како што се истакнува во текстот, се барани и надвор од границите на Турција, а Украина во 2019 година потпишала договор за купување на 12 „TB2“, а 6 веќе се испорачани.

Исто така се посочува дека Турција не само што станала земја со голема моќ во областа на беспилотните летала, туку истовремено ја забрзала и употребата на беспилотните летала во целиот свет.

Досега беспилотни летала поседувале само Франција, САД, Велика Британија, Иран и Израел.

Во текстот на германски „Ди Велт“ се забележува дека беспилотните летала ги развил Селчук Бајрактар (41), зетот на турскиот претседател Ердоган, и дека тој студирал на Институтот за технологија во Масачусетс, САД.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.