Турција

Ердоган: „Се приближуваме до целта Турција да биде адресата каде што ќе се произведуваат сите видови мотори“

„Со овие проекти, влегуваме во нова ера во одбранбената индустрија“

Handan Kazancı  | 05.12.2020 - Обновена : 06.12.2020
Ердоган: „Се приближуваме до целта Турција да биде адресата каде што ќе се произведуваат сите видови мотори“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција е на добар пат да стане центар за дизајнирање и производство на сите видови мотори, особено во авијацијата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Со овие проекти, влегуваме во нова ера во одбранбената индустрија“, рече Ердоган на отворањето на Центарот за испорака и дизајн на првиот мотор за хеликоптери од турско производство, на кое се вклучи преку видеоконференциска врска од палатата „Вахдетин“ во Истанбул.

Ердоган истакна дека ТУСАШ моторни индустрии (TEI) ќе стане пример во Турција со своите планирани инвестиции во проектите за развој на мотори.

„Со секој чекор што го преземаме, уште еднаш гледаме дека во просторот каде што живееме, не можеме да гледаме на својата иднина со доверливост, без да имаме силна одбранбена индустрија“, порача тој.

„Се приближуваме до целта Турција да биде адресата каде што ќе се произведуваат сите видови мотори, вклучувајќи ја воздухопловната индустрија“, истакна турскиот претседател.

 Тој рече дека Турција се фокусира на среднорочните и долгорочните цели во индустријата, како и на сите полиња на економската политика.

Центарот за испорака и дизајн на првиот национален хеликоптерски мотор TEİ-TS1400‘ се отвора во Ескишехир.

- Турскиот претседател Ердоган отвори нов автопат во источна Турција - 

Турскиот претседател Ердоган учествуваше и на свеченоста по повод отворањето на новоизградениот автопат Сарикамиш-Каракурт-Хорасан во источна Турција, преку видеолинк.

Во своето обраќање на свеченоста Ердоган рече: „Сега имаме непрекинати транспортни услуги преку стандарден двоен коловоз во трговијата со соседните земји“.

„Верувам дека со отворањето на автопатот [Каракурт-Хорасан], привлечноста на Карс, најважниот центар на историскиот Пат на свилата, ќе се зголеми уште повеќе“, додаде тој.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.