Ekipa
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција од синоќа во 21 часот на сила е полициски час воведен со цел спречување на ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата, кој ќе трае до понеделник до 5 часот изутрина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Празните улици и плоштади низ градовите во Турција ги забележа камерата на фоторепортерите на АА.
Во понеделникот, зајакнувајќи ги мерките против вториот бран на пандемијата на Ковид-19, Турција претстави нови ограничувања, меѓу кои и полициски час за работните денови и за време на викендите.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека полицискиот час ќе се применува секој работен ден од 21 до 5 часот наутро и дека ќе биде воведен полициски час и за викендите, од петок од 21 часот до пет часот наутро во понеделник.
Ердоган соопшти дека на луѓето на возраст од 20 години и помлади, како и на оние на возраст од 65 години и повеќе, им е забрането користење на јавен превоз, додека рестораните ќе работат само за достава.