Балкан, Коронавирус

Хрватска: Регистрирани 4.084 новозаразени со коронавирусот, починаа 70 лица

Бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува 24.495, а меѓу нив 2.514 пациенти се на болничко лекување, од кои 259 се на респиратор

Gorana Jakovljevic  | 05.12.2020 - Обновена : 06.12.2020
Хрватска: Регистрирани 4.084 новозаразени со коронавирусот, починаа 70 лица

ЗАГРЕБ (АА) - Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска денес објави дека во последните 24 часа регистрирани биле 4.084 случаи на вирусот САРС-КоВ-2, од кои починале 70 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува 24.495, а меѓу нив 2.514 пациенти се на болничко лекување, од кои 259 се на респиратор.

Од 25 февруари, кога е евидентиран првиот случај на вирусот во Хрватска, регистрирани се вкупно 147.454 лица заразени со Ковид-19, од кои 2.102 починале. Вкупно оздравеле 120.857 лица, од кои 3.709 во последните 24 часа.

Во самоизолација моментално се 60.581 лице. До денес во земјата тестирани се вкупно 801.545 лица, од кои 10.662 во изминатите 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın