АНКАРА (АА) - Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, денеска на состанокот на Г-20 во Јапонија истакна дека Турција има за цел да го зголеми уделот на домашните и обновливите извори на енергија до две третини во производството на електрична енергија во земјата до 2023 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Минатиот месец беше успешно реализиран уште еден тендер за електрична енергија добиена од ветрот со капацитет од 1 гигават“, изјави Донмез за време на сесијата на состанокот за министри на Г-20 за енергетски транзиции и глобалната животна средина за одржлив раст во 2019 година во Нагано.
„За одржлива иднина треба да имаме корист од енергетската ефикасност, како и од обновливата енергија, фосилните горива и технологиите за нуклеарна енергија“, истакна Донмез.
Тој рече дека во 2017 година Турција станала членка на „Клубот на 1 гигават“ во геотермалната енергија.
Министерот нагласи дека целта на Турција е да достигне 2 гигавати до 2023 година.
„Нашиот неодамна објавен Национален акциски план за енергетска ефикасност постави потези за да се имплементира намалување од 14 отсто на примарната енергетска потрошувачка до 2023 година, преку стратегија која вклучува околу 11 милијарда долари планирана инвестиција“, изјави Донмез.
Тој нагласи дека Турција исто така има цел да ги искористи огромните резерви на јаглен, притоа посветувајќи најголемо значење на спроведувањето технологии за чист јаглен.
„Придаваме големо значење на примената на технологии за чист јаглен. Исклучувањето на јагленот, исто така го блокира истражувањето, развојот и подобрувањата во оваа област“, рече Донмез.
Toj, исто така изјави дека Турција има силна волја да ја вклучи нуклеарната енергија во снабдувањето со примарна енергија, почнувајќи од 2023 година, со пуштањето во употреба на првата единица на нуклеарната централа „Акују“.
Руската компанија „Росатом“ ја гради првата нуклеарна централа на Турција во јужната област Мерсин. Централата, која се состои од четири единици - секоја од нив со капацитет од 1.200 мегавати, ќе исполни околу 10 отсто од електричните потреби на Турција.
„Би сакал уште еднаш да истакнам дека базните извори на енергија, како што се нуклеарните и фосилните горива, се неопходни за зголемување на искористеноста на наизменичната обновлива енергија“, рече Донмез, и додаде: „Турција ја цени и флексибилноста на природниот гас. Со изградба на светски терминали за течен природен гас (LNG) и Floating Storage Regasification Unit (FSRU), инвестиции за пренос и инфраструктура за складирање на гас, Турција може да обезбеди флексибилност и за својот регион.“
Тој рече дека исто како и енергетските ресурси, енергетските иновации исто така нудат диверсификација.
„Започнавме иницијатива за побрза интеграција на вештачката интелигенција, „Интернет на нештата IoT“, кибербезбедност и електрична мобилност во нашето енергетско портфолио. Исто така, преземаме важни чекори во однос на истражувањето на изворите. Нашите активности за истражување на ресурси на фосилни горива и дупчење продолжуваат. Наша цел е да ги донесеме нашите ресурси во економијата со помош на приватниот сектор врз основа на добивка“, рече тој.
Министрите за енергетика и животна средина на земјите од Г-20 се собраа во Јапонија, за првпат во историјата на Г-20.
Состанокот треба да заврши во текот на денешниот ден.
Групата Г-20 е составена од 19 посебни држави и Европската Унија. Економиите на земјите од групата учествуваат со околу 90% од бруто-светскиот производ и 80% од светската трговија.
news_share_descriptionsubscription_contact
