Faruk Zorlu
16 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
НЕВШЕХИР (АА) - Турција за првпат ќе биде домаќин на фестивал на балони со топол воздух во Кападокија, туристичката дестинација каде што се наоѓаат и познатите „самовилски оџаци“, јавува Anadolu Agency (AA).
Кападокискиот меѓународен фестивал на балони со топол воздух ќе се одржи од 3 до 7 јули, во организација на Општина Ургуп во централната турска област Невшехир.
За време на настанот, околу 150 балони на топол воздух ќе имаат шест различни летови, како и 20 балони со различни форми од околу десетина земји во светот.
Фестивалот ќе понуди и вечерен настан со осветлени балони синхронизирани со пулсирачка ритмичка музика.