Övünç Kutlu
20 Септември 2018•Ажурирај: 21 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Триесет и еден отсто од американските домаќинства се борат со плаќањето на сметките за електрична енергија или со одржувањето соодветно греење или ладење во нивните домови во 2015 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Администрацијата за енергетски информации на САД (EIA) соопшти дека според најновите резултати добиени од анкетата за електрична потрошувачка во домаќинствата за 2015 година „Residential Energy Consumption Survey“ (RECS), спроведена од EIA, едно од пет домаќинства пријавиле намалување или откажување од одредени потреби како што се храна и лекови, заради плаќање сметка за електрична енергија, а 14 отсто пријавиле дека добиле известување за исклучување.
„Додека 25 милиони домаќинства во САД пријавиле дека се одрекуваат од храна и лекови за да платат сметки за електрична енергија, седум милиони од нив се соочуваат со таа одлука речиси секој месец“, објавија од EIA.
Оттаму истакнуваат дека од 17 милиони домаќинства што пријавиле дека добиле предупредување за исклучување на електричната енергија, два милиони пријавиле дека такво предупредување добиваат скоро секој месец.
Некои американски домаќинства, исто така, користеле помалку електрична енергија од претпоставеното, односно 11 отсто од анкетираните домаќинства пријавиле дека нивниот дом го одржуваат на нездрава или небезбедна температура.
„Покрај тоа, домаќинствата ја објавија можноста за губење во целост на системите кои ги користат за греење или климатизација“, соопшти EIA.
Се додава дека оваа ситуација може да се случи доколку се расипе системот или уредите, и домаќинството не може да си дозволи да ги поправи.
„Додека седум милиони домаќинства или шест отсто објавија дека не можеле да користат уреди за греење поради финансиски причини во 2015 година, шест милиони или пет отсто од домаќинствата пријавиле губење на климатизацијата“, објави EIA.
„Домаќинствата во кои има деца, домаќинствата на жителите идентификувани како малцинска расна група или латиноамериканците, или пак, оние домаќинства што имаат помал приход, се соочуваат со поголема енергетска несигурност“, се вели во соопштението на EIA.
Околу половина од домаќинствата на САД што имаат помалку од 20.000 долари годишен приход се соочиле со енергетска несигурност во 2015 година, а 40 отсто од домаќинствата што имаат едно или повеќе деца, исто така, имале енергетска несигурност“.
„Над 50 отсто од домаќинствата на црномурестото население во САД и на Афроамериканците, и над 40 отсто од латиноамериканските домаќинства се соочија со енергетска несигурност во 2015 година“, се вели од Администрацијата за енергетски информации на САД (EIA).